Два бронзени медали освоија борачите од Основното општинско училиште „Страшо Пинџур” од Неготино на Државното првенство во борење за ученици во основни училишта кое се одржа вчера во Радовиш. За ова денеска информираше Јане Мелов, тренер на Градскиот боречки клуб од Неготино.
– Државното првенство беше во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, кој традиционално секоја година организира вакво натпреварување, соопшти Мелов.
Станува збор за учениците Алек Ѓорѓиев и Ангелче Панев, кои се натпреваруваа во категорија до 32 и 38 килограми.