Во Кавадарци почнаа Државни спортски игри за слепи лица, учествуваат десет екипи од здруженија од цела Македонија. Претседателот на кавадаречкото здружение, Костадин Јанков ги поздрави присутните и им посака убаво дружење и фер игра, да победат најдобрите.
Натпреварувањето се реализира во спортската сала на Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Директорката на училиштето, Весна Крстева нагласи дека преку ваквите игри доаѓаат до израз дружењето и забавата, како и хуманоста, како една од најубавите човечки особини.
Коце Димов, претседател на Спортска федерација на слепи во Република Македонија, се заблагодари за успешната зорганизација на настанот, посакувајќи пријатни спортски мигови.
– Прва цел е да се настапува, а втора, да се победува. Да се победува, во спортски дух, нагласи меѓу другото Димов.
Државните спортски игри се финансиски поддржани од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.