Дрогба доби зелено светло за деби во Галатасарај

Од:

Дидие Дрогба, репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, ќе може да дебитира за турскиот фудбалски клуб Галатасарај со кого потпиша 18-месечен договор.

Ваква одлука донела ФИФА која му даде зелено светло на Дрогба за настап во својата нова средина. Последниот клуб на фудбалерот од „црниот континент“ му беше Шангај Шенхуа кој западна во финансиска криза, а Дрогба не ги прикажа очекуваните игри на далечниот Исток.

Кинезите бурно реагираа на трансферот на Дрогба во Галатасарај и тврдеа дека 34-годишниот напаѓач немал право да потпише за друг клуб, поради тоа што има важечки договор со Шангај. Шангај упатија жалба до ФИФА и барање да се поништи договорот на Дрогба со Галатасарај и негово враќање во Кина. Во образложението за отфрлање на жалбата на кинескиот клуб, ФИФА наведува дека на Дрогба не му се исплатени сите средства според договорот.

Навивачите на Галатасарај кои нестрпливо го очекуваат дебито на Дрогба се надеваат дека тоа ќе се случи веќе следниот викенд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска

Германецот Кунц и официјално нов селектор на Турција

Ана Ололовска

Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ

Ана Ололовска