Андреа Довициозо ја забележа својата четврта пол-позиција во МотоГП категоријата.
Возачот на Дукати беше еден од малкуте возачи на денешните квалификации за големата награда на Холандија на патеката Асен кој успеа да не излета од проблематичната патека. Првиот ред ќе го надоплнат Валентино Роси и Скот Рединг.
Зад нив од четвртото место ќе стартува Марк Маркез кој падна на вторите квалификации но успеа да извози два круга.
Неговиот клупски колега Дани Педроса ни не влезе во вторите квалификации.
Светскиот шампион Хорхе Лоренцо не се снајде на влажната патека и ќе стартува 11-ти.