Дончиќ останува „езeрџија“ до 2029 година за 229 милиони долари

Од:

Лука Дончиќ се согласи да ја продолжи соработката со ЛА Лејкерс и ќе отпатува во САД за да потпише договор до 2029 година.

Според словенечкиот Спорт клуб“, Дончиќ ќе отпатува во Лос Анџелес пред првиот тренинг со словенечката репрезентација и таму ќе потпише нов договор со Лејкерс.

Претходно беше објавено дека Словенецот ќе потпише максимален четиригодишен договор вреден 229 милиони долари.

Првиот ден кога Лејкерси можат да му понудат договор е 2 август, а се очекува Дончиќ да дојде да го потпише договорот на тој ден.

За Лејкерси, тој досега имаше просек од 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки за 35 минути на теренот во 28 натпревари.

Во плејоф серијата против Минесота Тимбервулвс, која ја загубија во пет натпревари, тој имаше просек од 30,2 поени, седум скока, 5,8 асистенции и една украдена топка за 41,6 минути на теренот.

Би можело да ве интересира

Драма меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница: Сакал да ја однесе ќерка си во Америка, таа повикала полиција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Холивуд тврди – актерката Меделин Клајн е причината за раскинувањето на свршувачката на Лука Дончиќ

А1он

(ВИДЕО) Лука Дончиќ со нов рекорд влезе во историјата на НБА

А1он

Лука Дончиќ ја купи луксузната вила на Марија Шарапова за неверојатни 23,4 милиони евра

ВИДЕО: Дончиќ шоу на Еуробаскет, со 42 поени против Италија ги одведе Словенците во четвртфинале

Дончиќ кога дозна за преселбата од Маверикс во Лејкерс го скрши телефонот

А1он