Дончиќ кога дозна за преселбата од Маверикс во Лејкерс го скрши телефонот

Од:

Светската кошаркарска јавност во најмала рака беше изненадена кога виде дека Лука Дончиќ среде сезона си заминува од Далас, каде со години беше клучен играч.

Актуелниот играч на Лос Анџелес Лејкерс во разговор за ESPN откри колку му била тешка сензационалната трампа од Далас Маверикс во еден од најпопуларните тимови во САД.

– Тажно е да се слуша што зборува Нико по трејдот. Никогаш не сум кажал ништо лошо за него, само сакам да го оставам ова зад нас. Навивачите, поранешните соиграчи – сите ќе ги чувам во срцето, но време е да продолжиме понатаму – изјави Дончиќ за ESPN и додаде:

– Во зависност од аголот од кој му пристапувате на кажаното, тоа може да биде болно. Најчесто Мевси испраќаше такви зборови, а јас не сакав да одговорам. Вистина е и дека не ги следам будно ваквите коментари, се трудам да се фокусирам на кариерата – вели .

На Дончиќ очигледно му било тешко со трејдот, бидејќи го скршил телефонот кога дознал дека заминува од Далас.

Сепак, сега Дончиќ се бори за титулата во НБА со Лејкерси, додека поранешниот тим на Лука, Далас беше елиминиран во плеј-офот, па можеби може да се каже дека не се снајде толку лошо во тој трејд.

Би можело да ве интересира

Далас ќе им ги враќа парите на шокираните навивачи по заминувањето на Лука Дончиќ

А1он

Лука Дончиќ се сели во ЛА Лејкерс

А1он

ВИДЕО: Пожарот им се заканува на симболите на Холивуд, горат цели блокови во Пасадена

Катерина Ѓуровски

Лука Дончиќ е засега најновата жртва на софистицирани криминалци