Донација за Специјална олимпијада Македонија од Државната видеолотарија

Од:

Државна видеолотарија на Република Македонија во рамки на својата визија за општествено одговорна компанија со донација ги поддржува членовите од Специјална олимпијада Македонија на Летните олимписки игри во Лос Анџелес.

Од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД, се одржуваат Летните Олимписки игри на Специјална олимпијада. Станува збор за најголемиот глобален, спортски и воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји ќе се натпреваруваат во 25 олимписки спортови и ќе ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

Македонската делегацијата на овие Олимписки игри ќе учествува со 18 атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг-понг, атлетика и јунифајд кошарка (тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), 5 тренери и 3 делегати.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето