Доминација на Пежо на четвртата етапа на релито Дакар

Од:

Четири екипажи на Пежо се најдоа меѓу петте најдобри на вчерашната четврта етапа од релито Дакар.

Првото место му припадна на Стефан Петерхансел, кој за 11 секунди имаше подобро време од Карлос Саинз, а трет низ целта мина Себастијан Леб.

Четвртата позиција му припадна на Насер Ал Атија на Мини, а доминацијата на Пежо ја потврди Сирил Деспре, кој заврши на петтото место.

По четири етапи во генералниот пласман води Леб со 4 минути и 48 секунди предност во однос на Петерхансел додека трет со заостанување од 11 минути е Ал Атија.

Во конкуренција на мотори триумф на Порториканецот, Пауло Консалвеш на Хонда пред сонародникот Рубен Фарија на Хускварна. Третото место во оваа етапа му припанд на Кевин Бенавидес од Аргентина на Хонда.

Денеска на програмата е петтата етапа во која натпреварувачите ќе влезат на територијата на Боливија.

Стартот е во Сан Салвадор де Хухуј до Ујуни во Боливија во должина од 629 километри.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Наум Локоски