Колумбискиот напаѓач Џон Дуран се најде во центарот на вниманието на јавноста поради неговата одлука да не живее во Саудиска Арабија и секој ден да патува со авион по 90 минути на тренинг.
Дуран неодамна се пресели од Астон Вила во Ал Наср за 77 милиони евра, но одлучи да живее во Бахреин, кој е оддалечен 500 километри.
Причината е неговата девојка Анџела Капела или правилата во Арабија дека парот не може да живее заедно доколку не е во брак.
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се очигледно исклучок, бидејќи и тие не се официјално во брак, додека Дуран не помислува да се раздели од убавицата која учествуваше на изборот за Мис Колумбија.
Дуран пристигна во Ал Наср по одличните игри во Вила. Иако стартуваше само на седум натпревари, на 29 натпревари постигна 12 гола.
Дуран нема да биде единствениот што ќе го направи овој потег, бидејќи во Бахреин живееја и Стивен Џерард и Џордан Хендерсон. Со тоа што нивното возење траеше по еден час во двата правци.