Доделени наградите на најуспешните на меѓународниот средношколски турнир „Скопје 2016“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ,  вчера во „ВИП Арена Спортски центар Борис Трајковски“ им ги доделија наградите на најуспешните на Меѓународниот средношколски турнир „Скопје 2016“.

На дводневниот турнир, кој се одржуваше во големата и  во малата сала во vip Арена Спортски центар Борис Трајковски, учествуваа средношколски екипи на Загреб од  Хрватска, Подгорица од Црна Гора, Сараево од Босна и Херцеговина, Софија од Бугарија и екипи од средните училишта од Скопје.

Средношколските екипи се натпреваруваа во футсал, одбојка, ракомет и кошарка и ги постигна следниве резултати:

– футсал (машки), првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средношколците од Подгорица.

– одбојка (женски), првото место го освоија средношколките од Скопје, втори беа средношколките од Софија, а на третото место  средношколките од Загреб.

– ракомет (женски), најдобра беше екипата на Скопје, втори беа средношколките на Загреб, а третото место го освои екипата од Подгорица.

– ракомет (машки), првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средношколците од Сараево.

– кошарка (жени), најдобра беше екипата на Загреб, а второто несто го освоија средношколките на Скопје.

– кошарка (машки), првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средношколците од Сараево.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“