Задоволен од тоа како помина првата Ендуро крос трка одржана викендот кај хотелот Белви во Скопје, претседател на МК Ендуро Тим Водно, Владимир Димов најави нови возбудување во оваа дисциплина до крајот на годината.
– Станува збор за прва трка од овој тип во нашата држава која ја организира нашиот клуб. Изненадени сме од интересот на возачите и огромниот број на посетители. Во целина трката помина одлично и што е најважно за нас како организатори немаше ниту еден инцидент ниту повреда на возачите. Патеката се работеше повеќе од еден месец. Се работи за патека која бара многу техника и вештина од возачите,и искрено бев изненаден од одличното возење на натпреварувачите. Во план е до крајот на оваа година да се одржи уште еден ваков настан,а се надеваме во иднина и да имаме шампионат во Ендуро крос, изјави Димов.
На првата трка учествуваа 63 мотоциклисти од цела држава.
Победи Христијан Станковиќ, пред Јован Јовановски и Дардан Дехари.