Диего Коста пред потпис со Челзи

Од:

Диего Коста е пред официјализирање на неговиот договор со англискиот премиер лигаш Челзи.

Бразилецот со шпански пасош ги мина лекарските прегледи и сега останува само да стави потпис на договорот со кој ќе стане нов член на лондонскиот клуб.
Трансферот на Коста од Атлетико Мадрид во Челзи е вреден 40 милиони евра, откриваат англиските медиуми.

25-годишниот Бразилец беше еден од клучните играчи на Атлетико во освојување на шампионската титула во Примера, како и пласманот на „Јорганџиите„ во финалето од Лигата на шампионите.

Коста за тимот од „Винсенте Калдерон“ минатата сезона постигна 27 голови во 34 првенствени натпревари.

Коста на „Стенфорд Бриџ“ доаѓа по инсистирање на Жозе Мурињо, а со неговиот ангажман дополнително ќе биде зголемена конкуренцијата во нападот на „сините“ кои на располагање ги имаат и искусните Самуел ето, Фернандо Торес, како и Џемба Ба.

Официјализирање на договорот меѓу Диего Коста и Челзи се очекува до крајот на неделава, бидејќи Бразилецот ќе патува на Мундијалот како член на шпанската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ