Дибирова: Сега можеме да се фокусираме на Будимпешта

Од:

Тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова, изрази задоволство од пласманот на завршниот „Фајнал фор“ турнир во Лигата на шампионите и вниманието го насочи кон Будимпешта.

– Денешниот натпревар беше со големи емоции. Ракометарките сакаа да ги израдуваат фановите. Во првото полувреме единствената ракометарка која ни направи проблеми беше Вероника Кристијансен. Знаевме дека мораме да се пласираме на фајнл-фор. Го чекавме овој натпревар и ова четвртфинале. Горда сум на моите ракометарки и сега можеме да се фокусираме на натпреварите во Будимпешта, изјави Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.

Ракометарките на Вардар по петти пат се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако со 32:25 го победија Митјиланд во реванш четвртфиналниот натпревар.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска