Деветнаесет кандидати за државната награда „8-ми септември“ од областа на спортот

Од:

Деветнаесет кандидати од областа на спортот се пријавени за државната награда „8-ми септември“, која оваа година ќе се додели по трет пат, а е поделена во две категории – за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот.

За животно дело се пријавиле четворица, а за признание вкупно 15 кандидати. Еден ќе ја добие наградата за животно дело, а на четворица ќе им бидат доделени признанија.

За директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески со воведувањето на оваа награда за спортистите и спортските работници ќе се валоризира вредноста на спортот како дел од секојдневното живеење.

– За спортистите се утврдени можности за вреднување на нивните вредности, нивна категоризација и финансиско поддржување. Утврдени се категориите спортист од светска категoрија, спортист од меѓународна категирија, спортист од државна категорија и категoријата – спортист спортска надеж. Со највисока вредност е доделувањето на националното признание на спортистите со кое доживотно материјално се обезбедуваат врз основа на остварен спортски резултат, истакна Спасески и додаде дека со оваа награда се обезбедува вреднување на луѓето во сенка кои не се помалку значајни за постигнување на врвни спортски резултати.

Според Спасески, одборот за доделuвање на наградата „8-ми септември“ оваа година имале сериозна задача да ги одберат најдобрите во двете категории.
Претседателот на одборот за доделување на наградата Зоран Радиќ појасни дека на конкурсот за државната награда, кој бил распишан од 19 април до 19 мај, аплицирале 15 кандидати за „Признание за остварувања во областа на спортот“ и четворица за животно дело. Одборот од петчлена комисија ги резгледува сите апликации кои ги рангираат според одредени критериуми.

За „Животно дело“ конкурирале Венцислав Недев, Лазар Лечиќ, Таки Џиков и Стеван Крстевски. За наградата „Признание за остварувања во областа на спортот“ конкурирале: Бојан Рангелов, Мирослав Петровиќ, Кочо Димитровски, Александар Китанов, Ристо Дарлев, Кирил Манев, Ифраим Љута, Ѓорѓи Кузмановски, Ленче Алексовска Величковска, Руждија Калач, Ристо Магдинчев, Томи Александровски, Слободан Николиќ, Сашко Поповски, Љупчо Стојчевски.

Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија.

Свеченото доделување и соопштување на носителите на државната награда за спорт ќе се одржи во Владата на Република Македонија на 8-ми септември.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ