Девет натпревари ќе се одиграат вечерва од 9. коло од квалификациите за ЕУРО 2016 во Франција.
На програмата се натпревари од три групи, меѓу кои и дуелот на Македонија и Украина што се игра на Националната Арена „Филип Втори“.
Од селекциите кои ќе играат денеска пласман на Европското првенство имаа обезбедено Англија и Австрија, а со победа над Луксембург тоа може да го оствари и Шпанија.
Двојки од 9.коло и табели:
Ц група: Македонија – Украина, Словачка – Белорусија, Шпанија – Луксембург.
Табела: Шпанија 21 бод, Словачка 19, Украина 16, Белорусија 7, Луксембург 4, Македонија 3.
Е група: Англија – Естонија, Словенија – Литванија, Швајцарија – Сан Марино.
Табела: Англија 24, Швајцарија 15, Словенија 12, Естонија 10, Литванија 9, Сан Марино 1.
Г група: Лихтенштајн – Шведска, Молдавија – Русија и Црна Гора – Австрија.
Табела: Австрија 22, Русија 14, Шведска 12, Црна Гора 11, Лихтенштајн 5, Молдавија 2.
Сите натпревари почнуваат во 20:45 часот.