Четвртата етапа на релито Дакар донесе смена на врвот кај автомобилистите и откажување на двајца од фаворитите.
Бранителот на титулата во конкуренција на мотоциклисти, Тоби Прајс, се повлече од трката поради фрактура на левата нога, со која се здоби на 521 километар долгата етапа која се возеше низ Андите.
Исто така во трката повеќе не е ниту возачот на Тојота, Насер Ал Атијах. Тој, во средата, остана без тркалото на своето возило.
Кај автомобилистите, прв на целта во Боливија, стигна Сирил Деспре со своето Пежо. Деспре кој седум пати победил на релито Дакар, ја забележа својата прва етапна победа во 2017 година и го презеде водството во генералниот пласман.
Макс Вокнер триумфираше во конкуренција на мотоциклистите со својот КТМ.
Петтата етапа ќе се вози од Туписа до Оруро и има должија од 692 километри, од кои 447 километри ќе се возат во рамките на специјалот.