11. етапа на 34. издание на релито Дакар делумно беше извозена, автомобилите и камионите беа прекинати поради лошите временски услови, додека моторциклите и квадовите ја завшија трката.
Американецот Курт Касели дојде до својата втора победа на Дакар во конкуренција на моторцикли, втор стигна Конкалвеш, а лидерот во генералниот пласман Сирил Деспре стигна трет и ја зголеми предноста во однос на Рубен Фарија која сега изнесува над 13 минути.