Дебакл на македонските ракометари против Египет

Од:

Македонската ракометна репрезентација го доживеа највисокиот пораз во настапите на светските првенства. Загуби катастрофално од домаќинот на мундијалот, Египет со 38-19 во вторто коло од прелиминарниот сегмент.

Катастрофата беше најавена во првото полувреме во кое до 15. минута нашиот тим имаше постигнато само три гола, вкупно до крајот од полувремето постигна шест и на паузата губеше со 20-6. Во овој дел од натпреварот, нашиот тим остана без Филип Кузмановски кој доби црвен картон.

Во вториот дел макеоднските репрезентативци го продолжија лошото издание и селекцијата на Египет имаше и највисока предност од 23 гола. Лазаров, Пешевски и Марковски со по три гола беа најефикасни во македонската репрезентација.

По два одиграни натпревара, нашиот национален тим е без бодови, со два пораза и со уште еден натпревар за одигрување. Во третото коло ќе игра против селекцијата на Чиле. Со успех на тој дуел в понделник, македонската репрезентација би обезбедила пласман во следната фаза на Светското првенство.

Би можело да ве интересира

Ракометарите ги добија Словенија, Данска и Црна Гора во групата на Европското првенство

Жарко Настоски

Ќе играме бараж против Романија за пласман на женското ракометното светско првенство

Жарко Настоски

Ние сме без Стоилов, а Данците без Милер за реваншот

Жарко Настоски

Ракометарите ќе поделат награда од 20.000 евра за триумфот над Данска

Жарко Настоски

Уште еден тежок пораз на македонските ракометари на СП

Жарко Настоски

Македонските ракометари го победија Чиле и се пласираа во втората фаза на СП

Жарко Настоски