Давид Виља е првиот фудбалер кој потпиша за Њујорк Сити

Од:

Шпанскиот репрезентативец Давид Виља е првиот фудбалер кој потпиша за американскиот клуб Њујорк Сити.

Новоформираниот тим во Американската фудбалска лига (МСЛ), кој со натпреварување ќе започне од следната сезона, потпиша тригодишен договор со тимот од „Големото јаболко“ почнувајќи од 2015 година.

– Давид Виља несомнено е еден од највештите фудбалери и најдобрите напаѓачи во светот, изјави Џејсон Креис тренерот на Њујорк Сити, за официјалната веб страна на МСЛ лигата.

Договорот на Виља со американскиот клуб е најголемиот направен од страна на еден тим во МЛС, по оној на Англичанецот Дејвид Бекам со екипата на ЛА  Галакси.

– Ова е историски и многу возбудлив момент за големото спортско семејство на градот, особено за изградбата на фудбалскиот клуб на Њујорк Сити, изјави  Феран Сориано извршен директор на клубот.

Давид Виља, кој на Атлетико Мадрид му помогна да ја освои шпанската титула во Примера, не го криеше задоволството од потпишаниот договор.

– Ми претставува голема чест што луѓето кои го формирале клубот се фокусираа на мене. Ќе се обидам да помогнам на МЛС во нејзиниот развој, работејќи напорно, постигнувајќи голови, а во исто време ќе се обидам да го придонесам Њујорк Сити да стане најдобар тим во лигата, изјави Виља.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ