Црна Гора втор предизвик за македонските ракометари на Европското првенство

Од:

Македонската ракометна репрезентација против Црна Гора го игра дуелот од вторто коло во групниот сегмент на Европското првенство. На овој дуел во тимот ќе биде и голманот Никола Митревски кој по негативните резултати за Ковид-19 доби дозвола да се приклучи во Дебрецин.

Нашиот национален состав со пораз од Словенија влезе во натпреварувањето. Денеска против Црногорците е неопходен успех за да се задржат шансите за евентуален палсман во следната фаза од натпреварувањето во која прдолжуваат двете најдобир селекции од прелиминарната конкуренција.

Македонската репрезентација, во третата рунда, в понеделник ќе се сретне со Данска.

– Во ниту еден случај не сакам да ја потценам Црна Гора. Напротив, имаат добри индивидуалци, дури можеби и подобри од нашата репрезентација, но мислам дека сме поквалитетни како колектив. Во секој случај, не треба да се оптоваруваме со противниците, туку да се концентрираме на себеси. Од нас зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина или не. Противниците ќе бидат само посилни, бидејќи сите во Европа работат квалитетно. Фокус и концентрација е првото нешто што го барам од играчите, рече селекторот Кирил Лазаров во пресрет на дуелот.

Во нашата група вечерва играат и Данска и Словенија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП