Најдобриот француски тенисер, Жо-Вилфред Цонга се пласираше во третиот круг на турнирот од сериите “Мастерс” во Париз, откако го победи сонародникот Џулиен Бенет со 6:2, 4:6, 7:6 (2).
На шампионот од 2008 година му требаа 2 и пол часа игра, за да го елиминира 37-от во светот. Цонга не успеа да ја задржи предноста во одлучувачкиот трет сет и на крајот тајбрекот го одлучи конечниот победник од дуелот.
Во другите натпревари вчера Кеј Нишикори победи со Беноа Пер со 7:6 (2) , 6:2, Томаш Бердих го победи Андреас Сепи со 7:6 (6), 6:2, Станислас Вавринка го отстрани Карлос Берлок со 6:3, 6:2, а Александар Долгополов отпадна од трката, откако загуби од Игор Сијслинг со 4:6, 2:6.