Гостинската победа на Вардар во Германија кај Рајн Некар од 33:27 и одличната игра на македонскиот тим не остана незабележана од страна на ЕХФ при правењето на изборот на најдобрите од 7.коло во Лигата на шампионите.
Арпад Штербик и Лука Циндриќ се најдоа во изборот на најдобрата постава на колото, Штербик на голманската позиција, а Циндриќ како среден бек.
Место во индивидуалните избори имаше и за Жоан Кањељас кој влезе во Топ-5 голови, и Арпад Штербик кој е меѓу најдобрите пет голмани.
Иделен тим на 7 коло во ЛШ:
голман – Перес де Варгас (Барселона)
пивот – Лудовик Фабрегас (Монпеље)
десно Крило – Алберт Рокарс (Ла Риоха)
десен Бек – Рамазан Доне (Бешикташ)
среден Бек – Лука Циндриќ (Вардар)
лев Бек – Жоан Кањељас (Вардар)
лево Крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ).
Најдобри одбрани:
1. Тјери Омејер (ПСЖ)
2. Виктор Киреев (Мотор Запорожје)
3. Филип Ивиќ (Кјелце)
4. Арпад Штербик (Вардар)
5. Никлас Ландин (Кил).
Најдобри голови:
1. Олафур Гудмундсон (Кристијанштад)
2. Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)
3. Домагој Дувњак (Кил)
4. Жоан Кањељас (Вардар)
5. Тео Деро (Нант).