Грчкиот тенисер Стефанос Циципас беше неочекувано елиминиран од Ролан Гарос во второто коло.
Гркот, кој беше 20-ти носител во Париз, беше елиминиран од Италијанецот Матео Гиганте.
Тенисерот, кој моментално е на 167-то место на ранг-листата во светот, победи по четири сета со 6:4, 5:7, 6:2, 6:4.
Натпреварот траеше три часа и шест минути.
Гиганте ќе игра против Американецот Бен Шелтон во третото коло. Шелтон се пласираше во третото коло без борба откако Уго Гастон се повлече.
Победникот од натпреварот Гиганте – Шелтон ќе игра против Карлос Алкараз или Дамир Џумхур во четвртото коло.