Чеферин нов претседател на УЕФА

Од:

Словенецот Александар Чеферин денеска е избран за нов претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) на Конгресот на оваа организација во Атина.

Тој доби 42 гласа од 55 земји-членки на УЕФА и убедливо го победи ривалот од Холандија, Мајкл Ван Прага.

Чеферин на чело на УЕФА го наследува Мишел Платини, кој беше принуден да се повлече по суспензијата поради корупција.

Фудбалската федерација на Македонија својот глас го даде на сега веќе новиот претседател на УЕФА кој се заложи за поддршка на Балканската лига.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година