Бузет подготвен за големото македонско славје

Од:

Старо-новиот европски шампион на ридски патеки во категорија 1, нашата спортска гордост, Игор Стефановски – Иџе, викендов ќе го има финалниот настап за оваа сезона на последната трка од Европското првенство на ридски патеки во Бузет, Хрватска. Како што е познато, на претпоследната трка во Словенија, Иџе се стекна со недостижна предност на врвот во генералниот пласман што му овозможи втор пат по ред да го освои европската титула на ридски патеки. Зад него е импресивно доминантната сезона во која победи на 9 од досега одржаните 11 трки од календарот.

Во Бузет Иџе го очекува реприза на минатогодишното славје кога стотина македонски и хрватски навивачи на фантастичен начин ја прославија неговата титула кога на легендарниот свиок Комушчица обоен во црвено-жолти знамиња, го пречекаа Иџе со десетина факели и звуците на песната Македонија од Дадо Топиќ како специјален поздрав од организаторот до нашиот шампион. Исто така и оваа година, за Бузет ќе отпатува навивачки карван од Македонија со еден автобус и десетина возила кои во живо ќе ја следат трката и ќе бидат дел од големото славје на новиот успех на нашиот ас.

Конечно ослободен од резултатскиот притисок, Иџе од Бузет најавува:

– Резултатот ни е во втор план, пред се тука сме да се забавуваме. Драго ми е што ќе допатуваат многу луѓе од Македонија, мои роднини, пријатели и поддржувачи чија помош многу ми значеше во текот на целата сезона. Се надевам дека ќе имаме убав викенд и сите заедно на крајот ќе ја споделиме радоста.

Инаку, како што доликува, Иџе е голема ѕвезда во Хрватска опкружен со вниманието на медиумите.

– Имавме неколку интервјуа за локални телевизии, бевме дел од специјалната емисија како најава за трката, ќе бидам дел од прес – конференциите на домаќинот во пресрет на настанот, се на се, имаме поинакво темпо на активности овој викенд. Правиме напор, доколку постојат технички можности, да го превземеме директниот пренос од трката на нашата Facebook фан страна со што љубителите на трките од нашата земја би имале полесен пристап до информациите и случувањата во Бузет – додаде Иџе.

Бузет е една од легендарните трки во европскиот календар со импресивна конкуренција во сите категории. Така ќе биде и оваа година со 231 пријавен возач. Во групата Н во која се натпреварува Иџе има пријавено дури 20 натпреварувачи од 9 земји.

Би можело да ве интересира

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Ана Ололовска