Бронзен медал за Андреас Трајковски на Балканијадата во Истанбул

Од:

На 27-та Балканијада, која викендов се оддржа во Истанбул, нашиот репрезентативец Андреас Трајковски на своето деби за македонската репрезентација го освои бронзениот медал во дисциплината скок во далечина.

Уште пред почетокот на Балканијадата, тој изјави дека ќе се обиде да постигне што подобар резултат и со освоениот медал и резултат во Истанбул, – ветеното стана реалност.

Трајковски до бронзениот медал дојде со резултат од 7 метри и 62 сантиметри, којшто го постигна во втората серија од натпреварувањето, што е за 3 сантиметри пократко од македонскиот рекорд, кој е во негова сопственост и го постави на отвореното првенство во Скиве, Данска на 27.02.2022 година.

Сребрениот медал го освои Хрватот Марко Чеко со скок од 7 метри и 71 сантиметар, додека со злато се закити Измир Смајлај од Албанија со скок од 7 метри и 79 сантиметри.

Со овој резултат Трајковски покажа дека се наоѓа во одлична форма и дека ќе продолжи во иста насока и на следните негови натпреварувања оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Јужноафриканската полиција го пронајде телото на поранешниот светски шампион во скок во височина

ВИДЕО: Срушен светскиот рекорд на Сергеј Бубка по 26 години

Ана Ололовска