Бразил со најевтини билети во историјата на Светските првенства

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти дека влезниците за претстојното Светско првенство во Бразил 2014 година ќе бидат најевтини во историјата на Мундијалите.

Од ФИФА изјавуваат дека билетите за 70% од натпреварите на СП во Бразил ќе бидат поевтини отколку на средбите од претходниот шампионат. Се очекува конечните цени да бидат објавени на 19 јули.

Во своето соопштение ФИФА упати пофалби до Бразил за организацијата на Купот на конфедерации кој во неделата заврши со триумф на домашната селекција.

Додека се одржуваше ова натпреварување низ улиците на повеќе бразилски градови беа организирани масовни протести поради големите трошоци кои државата ги вложува за подготовка и организација на СП.

Демонстрантите ја обвинија ФИФА за стекнување голем профит и побараа високите суми кои се вложуваат во меѓународните фудбалски натпреварувања да се пренаменат во домените здравство, образовани, како и во транспортната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ