Бове веќе не може да игра во Серија А – му вградија дефибрилатор

Од:

Лекарски тим во болницата „Кареги“ во Фиренца му вгради дефибрилатор на Едоардо Бове (22), играчот од средниот ред на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина, кој доживеа срцев удар во неделата на натпреварот меѓу Фиорентина и Интер, јавија локалните медиуми.

Ова значи дека тој нема да може да ја продолжи кариерата во Италија, бидејќи постои правило кое не им дозволува на фудбалерите со дефибрилатор да играат во оваа земја.

Бове е играч на Рома, кој како позајмен настапува во Фиорентина, па најпрвин ќе треба да го раскине договорот, па потоа да бара ангажман во странство.

Инаку, Бова го чека операција во следните неколку дена, а лекарите се сомневаат дека има миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.

Во 2021 година, Данецот Кристијан Ериксен, откако доживеа срцев удар среде натпревар на Европското првенство мораше да го напушти Интер бидејќи му беше вграден дефибрилатор. Тој замина во англиски Брентфорд, па потоа во Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Бове дише самостојно, се разбудил, животот не му е во опасност

А1он

(ВИДЕО) Морничави сцени во Фиренца – фудбалер на „виолетовите“ колабираше

А1он

Фудбалерите на Фиорентина се првите финалисти на Лигата на конференцијата

ВИДЕО: Навивач во Турција влезе на теренот и нокаутираше играч на Фиорентина

Предраг Петровиќ

Анчелоти: Јовиќ е сериозен играч, проблем е што е мрзлив

Винченцо Италијано ќе ја предводи Фиорентина

Жарко Настоски