Борозан уште четири години во Вардар

Од:

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан и во следните сезони ќе биде дел од екипата на Вардар. Левиот бек и повеќекратниот македонски првак договорија нова соработка, и тоа за следните четири сезони, информира денес македонскиот ракометен шампион.

Според новиот договор Борозан треба да остане во Вардар најмалку до 2021 година. 23-годишниот Борозан дојде лани во Вардар, и во текот на сезонава се наметна како еден од подобрите играчи, постигнувајќи 41 гол во Лигата на шампионите. Во СЕХА Газпром лигата постигна 48 гола на 16 натпревари. Беше избран и во најдобрата седморка на Ф4 турниорот на СЕХА лигата во Брест. Со Вардар го освои својот прв трофеј во СЕХА лигата и првпат во кариерата ќе игра на Ф4 турнирот во Келн.

– Задоволни сме што во своите редови ќе го имаме и во иднина Вуко Борозан, и неговите силни и прецизни удари од далечина. Тој одлично се снајде во клубот досега и очекуваме и во иднина да прикажува доби игри, и заедно да се радуваме на нови успеси, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Вардар е пред одбрана на шампионската титула и во Македонија, откако победи убедливо со 38:25 (20:13) на последниот меч со Металург. На овој натпревар Борозан постигна шест гола и беше меѓу тројцата најпрецизни ракометари во тимот и на средбата.

Во кариерата Борозан има играно за екипите на Ловќен, Карловац, Металург и Либек.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица