Борис Бекер и неговата 23 години помлада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро го очекуваат своето прво дете!
Поранешниот германски тенисер ја сподели добрата вест на својот официјален Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Неговата сопруга гордо позираше пред објективот на камерата, а нејзиниот труднички стомак беше забележлив.
„Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“, рече тој во описот на фотографијата, а бројни корисници на мрежата испратија честитки и позитивни реакции.
Во неодамнешно интервју, Борис Бекер зборуваше за тоа колку ја обожува својата Лилијан.
„Се запознавме во време кога се чувствував многу лошо – професионално, ментално и физички. Се чувствував полошо од кога било досега во мојот живот. И покрај тоа, Лилијан беше заинтересирана за мене“, рече тој, меѓу другото.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Борис Бекер има четири деца од претходните врски.