Македонскиот борач Дејан Митров ја загуби борбата од првото коло на Европските Олимписки игри во Баку во категоријата до 65 килограми. Поуспешен од него беше светскиот и европски првак Девид Сафарјан од Ерменија.
По двете рунди резултатот беше нерешен 2:2, Сафарјан ја доби првата рунда со 2:0, а Митров втората исто со 2:0. Сепак на поени Сафарјан беше поуспешен со 3:1, бидејќи во една акција освои два поена, а Митров имаше две акции со по еден поен.
Од македонските борачи свој настап на Игрите утре ќе имаат: Бобан Данов, Халил Зубаиров и Јасин Реџелари.
Македонија досега има освоено две бронзи, а успехот го направија каратистите Емил Павлов и Мартин Нестровски.