Борачите успешно ја претставија Македонија на Медитеранските игри

Од:

Задоволство од постигнатиот резултат на Медитеранските игри во турскиот град Мерсин владее во таборот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија. Македонските борачи на ова натпреварување освоија три медали, еден сребрен и два бронзени.

Македонското борење со ови три медали стигна до бројката 24 на големите натпреварувања како што се Олимпијадите, Европските и Светските првенства и Медитеранските игри што го прави еден од најтрофејните спортови во државата.

Покрај учесниците на МИ, со медал од Европското првенство за кадети одржано во Бар се врати и Елмедин Сејфулаху. 15-годишниот македонски репрезентативец го освои бронзениот медал во категоријата до 42 килограми.

– Продолжуваме со работа со цел постигнување уште подобри резултати. Не очекува настап на Светското првенство во Зрењанин. Со поддршката од Агенцијата за млади и спорт борењето во Македонија има убава перспектива, изјави Седат Бафтија, тренерот на Сејфулаху.

Македонија во периодот од 2 до 7 јули ќе биде домаќин на Европското првенство во борење за јуниори во категориите слободен стил, грчко-римски стил и борење за жени.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска