Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за Евробасектот 2023. Вечерва во СРЦ „Кале“ подобри од „црвено-жолтите“ беа гостинките од Босна и Херцеговина кои забележаа победа со 80:64.
Во првото коло пред три дена, избраничките на селекторот Александар Ашаданов загубија од Германија со 73:41.
Квалификациите продолжуваат по една година, а следен меч на нашата репрезентација е против селекцијата на Белгија која денеска славеше убедлива победа против Германија со 84:55.