Фернандо Сантош, тренерот кој ги напиша најсветлите страници во историјата на таа фудбалската репрезентација на Португалија во последните години поминува низ низа неуспеси.
По речиси една деценија соработка, ја напушти клупата на Португалија, каде во 2016 година ја донесе титулата европски шампион, а три години подоцна триумф во Лигата на нации, па Сантош смени три ангажмани и ниту еден од нив не заврши успешно.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан објави дека Сантош повеќе не е нивни селектор, наведувајќи ги како главна причина очајните резултати во квалификациите за Светското првенство – тимот постигна само два нерешени резултати и дури девет порази под негово водство. Последниот удар беше тешка катастрофа против Исланд со резултат од 5:0.
На почетокот, тој го водеше Бешикташ кратко време, но по само 16 натпревари, соработката беше прекината.
Потоа ја презеде полската репрезентација, каде што учествуваше само на шест натпревари. Неговата последна дестинација беше селекцијата на Азербејџан, но ни таму не успеа да направи пробив.
Така, човекот кој само пред неколку години важеше за еден од најуспешните европски тренери, во последните три години забележа три откази.