Бекер оптимист за иднината на тенисот

Од:

Тенисот нема да заврши откако ќе се повлечат трите великани – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Ова го изјави Борис Бекер, кој тврди дека новата генерација „тропа на вратата“ и е подготвена да го заземе местото на „големата тројка“.

– Секогаш кога ќе дојде крајот на една шампионска ера, мислиме дека доаѓа крајот на тенисот. Но, тоа не е затоа што доаѓа нова генерација. Така беше и со мојата генерација, потоа со Андре Агаси и Пит Сампрас. Сега нашироко се смета дека сè ќе заврши по Федерер, Надал и Ѓоковиќ, но тоа никогаш нема да се случи. Имаме фантастични млади играчи, возбудливи играчи кои ќе бидат иднината на тенисот. Меѓу нив се и Зверев, се разбира, Доминик Тим. Де Минор и Шаповалов се тука, и сакам да ве потсетам на Кириос, кој исто така има огромен потенцијал, изјави германската легенда.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест