Бекам: Нема играч кој ја сака Барселона како Меси

Од:

Лионел Меси има договор со Интер Мајами до крајот на 2025 година, а многумина веќе зборуваат за иднината на Аргентинецот. За тоа проговори и првиот човек на овој клуб, Дејвид Бекам.

Многумина веруваа дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе остане во САД, но легендарниот Англичанец откри дека тој мисли поинаку.

Имено, победникот на Светското првенство во 2022 година со Аргентина сака по завршувањето на кариерата да живее во Европа, во своето омилено место – Барселона.

– Би сакал Меси да живее во Мајами откако ќе се пензионира, но Лео ми кажа дека размислува да живее во близина на Камп Ноу. Нема играч кој ја сака Барселона како него. Можете да го видите логото на Барса на неговата нога, па дури и на шишето со вода, рече Бекам.

Меси е член на Интер Мајами од јули 2023 година, а во клубот пристигна од Пари Сен Жермен.

Би можело да ве интересира

Бекам без двоумење: Меси е најдобриот играч на сите времиња

А1он

(ВИДЕО) Меси имаше две асистенции – Интер и Њујорк ги поделија бодовите

А1он

Меси не сака да игра на -15 степени, Аргентинецот одби да игра во ЛШ во поларни услови

А1он

(ВИДЕО) Цариникот не го препозна Меси на пасошка контрола, неговата реакција е хит на социјалните мрежи

А1он

Меси е најкорисен играч во американската МЛС, иако пропушти речиси пола сезона

А1он

Маскерано ќе му биде тренер на Меси во Интер

А1он