Бекам најави враќање на фудбалските терени

Од:

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам изјави дека е можно да се врати од пензија, 13 месеци откако заврши со професионалното играње фудбал.

Бекам за Би-Би-Си рече дека ја поминал фазата на уживање и дека се наоѓа во големо искушение повторно да заигра фудбал.

– Сега гледам кошаркарски натпревари, а кога ги гледате спортистите како ја играат својата игра, тоа ви го враќа чувството на уживање и сакате повторно да се вратите. Помислувам дали можам повторно да се вратам на професионалните обврски како активен фудбалер, истакна Бекам.

Тој е во обид да оформи сопствен клуб во Мајами кој би се натпреварувал во американската МЛС лига.

Во професионалната кариера Бекам настапувал за Манчестер Јунајтед, Престон, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и Пари Сен Жермен.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ