Барселона се вклучува во мировните преговори на Западниот Брег

Од:

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона, предводени од Лионел Меси, како и новата ѕвезда Неимар ќе одржат „фудбалски работилници“ со израелски и палестински деца, а ќе имаат средби и со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и со првиот човек на Палестина, Махмуд Абас во Витлеем.

– Оваа турнеја е посветена на ширењето на мирот меѓу Израел и Палестина низ призмата на спортот и спортските вредности, соопштија од раководството на каталонскиот клуб.

Првичната идеја беше Барселона да одигра натпревар против комбиниран состав од Израелци и Палестинци, но тој проект пропадна поради противењето на претседателот на Палестинската фудбалска асоцијација Џибрил Раџиб.

Посетата на Барселона на кризниот регион на Западниот Брег се совпаѓа со новите мировни преговори меѓу двете спротивставени страни кои почнаа минатата недела во Вашингтон. Директните преговори Израел-Палестина се обновуваат по скоро петгодишна пауза кога претходните пропаднаа.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ