Ракометарите на Барселона постигнаа победа на дуелот од 4.коло од А групата во Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен го совладаа француски Нант со 31:25 (13:16).
Нант поведе од средината на првиот дел и на почетокот на вториот водеше со 19:14, но Барселона успеа да направи пресврт и да стигне до нова победа.
Од натпреварите од А групата вчера ПИК Сегед – Вардар 26:26 и Кристијанштад – Рајн Некар Ловен 22:35. Денеска играат Загреб – Висла.
На чело на табелата се Барселона и Вардар со по 7 бодови, Рајн некар Ловен има 6, ПИК Сегед 5, Нант 3.
Во следното коло во Скопје в сабота се игра дуелот Вардар – Барселона.