Барселона и ПСЖ се пласираа на „фајнал-форот“ во ракометната Лига на шампионите

Од:

Екипите на Барселона и Париз Сен Жермен обезбедија пласман на завршницата, односно „фајнал-фор“ турнирот во ракометната Лига на шампиони.

Тимот на Барселона, за кој настапуваат македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски, во реванш четвртфиналниот меч против Кил славеше победа со пет гола разлика 23-18 со што ја анулира негативата од првиот натпревар во Германија каде загуби со 28-26.

Париз Сен Жермен иако пред своите симпатизери одигра нерешено против ПИК Сегед 30-30, сепак францускиот првак обезбеди место меѓу четирите најдобри благодарение на победата на првиот меч во Унгарија со 30-27.

Овие два тима му се приклучија на македонскиот шампион Врадар кој во четвртфиналето го елиминира германскиот Фленсбург победувајќи го во двата натпревраи.

Која ќе биде последната екипа која ќе игра на „фајнал-форот“ во Келн закажан за 3 и 4 јули ќе биде познато вечерва по одигрувањето на ревнш дуелот меѓу Монпеље и Веспрем во кој унгарскиот тим ќе влезе со предност од три гола (23-26).

Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи на 2 мај во Келн.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска