Екипата на Барселона забележа победа против германскиот тим Фленсбург во натпреварот со кој беше комплетирано 12.коло во ракометната Лига на шампиони.
На средбата од А групата, Барселона пред својата публика го совлада Фленсбург со 26-23, со што шпанската екипа ја оствари петата последнователна победа во елитното натпревраување. Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров постигна два гола за победничката екипа.
Комплетни резултати и пласман по одиграните натпревари од 12.коло во Лигата на шампионите:
А група: Веспрем – Висла Плок 31-25, Кил – Силкеборг 21-24, ПСЖ – Кадетен Шафхаузен 34-26 и Барселона – Фленсбург 26-23.
Табела: Барселона 22 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 14, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 6 и Кадетен Шафхаузен 2.
Б група: Рајн-Некар – Мешков Брест 25-24, Вардар – Целје 35-30, ППД Загреб – Кристијанштад 26-23 и Киелце – ПИК Сегед 28-24.
Табела: Вардар 18 бодови, Рајн-Некар 17, Киелце 16, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, ППД Загреб 7, Целје 7 и Кристијанштад 6