Со победата остварена синоќа на гостувањето кај Шведска со 4:1, репрезентацијата на Австрија избори учество на ЕУРО 2016 во Франција.
Австрија е лидер во својата група со осум бодови повеќе од Русија на две кола до крајот на квалификациите и е четврта репрезентација со изборен пласман низ квалификациите.
Со максимален учинок во квалификациите единствено е селекцијата на Англија, која синоќа ја постигна и четвртата победа.
Резултати 8.коло:
Ц група: Македонија – Шпанија 0:1, Словачка – Украина 0:0, Белорусија – Луксембург 2:0.
Табела: Шпанија 21 бод, Словачка 19, Украина 16, Белорусија 7, Луксембург 4, Македонија 3.
Е група: Англија – Швајцарија 2:0, Литванија – Сан Марино 2:1, Словенија – Естонија 1:0.
Табела: Англија 24, Швајцарија 15, Словенија 12, Естонија 10, Литванија 9, Сан Марино1.
Г група: Лихтенштајн – Русија 0:7, Молдавија – Црна Гора 0:2 и Шведска – Австрија 1:4.
Табела: Австрија 22, Русија 14, Шведска 12, Црна Гора 11, Лихтенштајн 5, Молдавија 2.
Следното коло од квалификациите за ЕУРО се игра од 8 до 10 октомври.