Кошаркарките на Австралија го освоија бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, откако денеска ја совладаа Белгија со резултат 85:81 (20:19, 17:17, 23:25, 25:20).
Најефикасна во австралискиот тим беше Ези Магбегор, која постигна 30 поени и имаше 13 скока. Во белгиската репрезентација најдобра беше Џули Ванлу со 26 поени, а Ема Месеман додаде 23.
Финалето е закажано за 15.30 часот, а ќе се сретнат САД и Франција.