Австралија ги менува правилата – Ѓоковиќ ќе може да оди во Мелбурн

Од:

Австралиските власти одлучија да ги променат условите за влез во земјата, а новите правила ќе стапат на сила на 6 јули, пишува „Сиднеј морнинг хералд“.

Според нив, странските државјани нема да мора да го пријавуваат статусот на вакцинација, со што се поништува една од мерките воведени за време на пандемијата на коронавирус.

Оваа вест ја потврди и австралискиот министер за здравство Марк Батлер кој на 6 јули ја најави измената на Законот за биосигурност.

Патниците сепак ќе мора да се придржуваат до мерките против Ковид, како носење маски.

Како што сега стојат работите, иако дотогаш има уште шест месеци, Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи во Мелбурн.

Новак откако во јануари годинава мораше да ја напушти таа земја, доби забрана за враќање, односно влез во Австралија на три години.

Но, изјавите на претставниците на локалните власти беа „попомирливи“ и во нив често се нагласуваше дека забраната може да се укине.

Според австралискиот закон, секој што е протеран од земјата три години по негативна одлука според член 133C(3) може да поднесе барање за изземање под „присилни“ или „сочувствителни“ околности.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога