АТП: Вакцинирани 95 отсто од најдобрите светски тенисери

Од:

Вакцинирани против коронавирус се вкупно 95 од 100. најдобро рангирани светски тенисери, изјави денеска првиот човек на АТП Тур, Сајмон Хигсон.

Извршниот директор на АТП Тур наведе на Твитер дека само пет играчи од Топ 100 најдобри не примиле вакцина против Ковид-19, без да го наведе нивниот идентитет.

– Нашите најнови бројки за првите 100 (тенисери) се 95 отсто, напиша Хигсон на својот Твитер профил.

Прашањето околу вакцинирањето во светскиот тенис стана тема број еден со наближувањето на Грен-слем турнирот Австралија Опен на кој тенисерите за настап мораат да бидат вакцинирани.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи