Атлетико за историја против Реал Мадрид – по 75 години „петарда“ за „Кралевите“

Од:

Дерби Мадрелињо повторно ги оправда очекувањата, а Атлетико Мадрид успеа да слави во голем натпревар против Реал Мадрид со резултат од 5:2!

„Јорганџиите“ по 75 години успеаја да постигнат пет гола против Реал.

Чоло Симеоне не е навикнат на многу голови оваа сезона, и никој не се надеваше на почетокот од дуелот дека Атлетико може да триумфира против лутиот ривал.

Сепак, Ле Норман постигна гол во 14-тата минута на радост на навивачите на „Ванда Метрополитано“. Одговорот дојде брзо, а Килијан Мбапе и Арда Гулер го свртеа резултатот во корист на тимот од „Бернабеу“. Одговорот дојде на крајот од првото полувреме, Серло постигна гол за израмнување.

На сцената стапи човекот кој го одбележа Светското првенство во Катар заедно со Аргентина и Лионел Меси – Хулијан Алварез.

Прво беше прецизен од пенал, а малку подоцна „спакува“ болен удар за екипата на Чаби Алонсо од слободен удар. Кралевите се обидуваа најмногу преку Мастантуан да дојдат до пресврт, но на крајот Антоан Гризман го искористи високото излегување, па во третата минута од судиското продолжение го постави конечниот исход од натпреварот за ерупција на црвено-белиот тим на Мадрид.

По бледиот почеток на сезоната, победата во дербито би можела да му даде позитивен поттик на Атлетико Мадрид и да се врати во трката за титулата, иако само пред две кола изгледаше како невозможна мисија.

Би можело да ве интересира

Просечната годишна плата на фудбалерите во Реал Мадрид е 11 милиони евра

А1он

Алонсо прави чистка во Реал Мадрид

А1он

Душан Тадиќ ги одби милионите на Црвена Звезда, потпишува за Атлетико Мадрид

А1он

Александар-Арнолд: Преселбата во Реал Мадрид е остварување на сонот

А1он

Лука Модриќ со емотивно писмо се збогуваше од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус ќе остане во Реал до 2030 година, ќе заработува 20 милиони евра годишно

А1он