Ашковски привремено отстранет од Партизан

Од:

Младинскиот репрезентативец на Македонија Стефан Ашковски кој лани потпиша четиригодишен договор со Партизан од Белград нема да биде на летните подготовки со својот тим во Словенија.
Тренерот на „црно-белите“ Вук Рашовиќ одлучи левиот бек Ашковски да го даде на позајмица во екипата на Долни Срем.

Според информациите од Партизан, македонскиот репрезентативец во јануари повторно ќе се врати во Партизан како замена за Владимир Волков кој најверојатно на полусезоната ќе ја смени средината.

Освен Ашковски од првиот тим исклучен е и бразилскиот интернационалец Силва кој игра во средниот ред, но за разлика од Ашковски, неизвесно е во која екипа ќе продолжи Бразилецот.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ