Арсенал му платил на Обамејанг за да замине од клубот

Од:

Пјер-Емерик Обамејанг до 2025 година ќе биде играч на Барселона. Клубот од „Камп ноу“ денес го потврди трансферот, кој беше договорен во неделата во последните часови од преодниот рок.

Обамејанг во Барселона се пресели како слободен играч. Габонецот и Арсенал договорија спогодбен раскин на неговиот договор, кој имаше важност до јуни 2023 година.

Обамејанг беше отпишан од менаџерот Микел Артета поради кршењето на клупската дисциплина.

Со заминувањето на Обамејанг, Арсенал во буџетот за плати ослободи околу 30.000.000 евра. Клубот неделно му плаќаше на напаѓачот 420.000 евра.

„Тајмс“ откри на кој начин Арсенал се раздели со фудбалерот за чиј трансфер од Дортмунд во јануари 2018 година издвои 64.000.000 евра.

За да не седи на трибините и да зема плата во наредните 18 месеци, Арсенал му исплати на Обамејанг 8.000.000 евра.

Би можело да ве интересира

Обамејанг: Имав понуда од Барса, но сакав да останам во Арсенал

А1он

Обамејанг одговори на гласините дека може да го напушти Арсенал

Обамејанг е најдобар за месец октомври во Премиер Лигата

Наум Локоски