Арена Спорт каналите целсно достапни на „Max TV“

Од:

Љубители на спортот, од денеска ќе можат да ги следат спортски светски настани на „МаxТV“. Содржините на Арена Спорт 1 каналот ќе бидат достапни за сите „МаxТV“ корисници, а корисниците на пакетот „Маx Спорт +“ ќе ги гледаат Арена Спорт 2,3,4 по промотивна цена од 199 денари до крајот на годината, информираат од Т-HOME.

Содржините кои ќе се емитуваат на Арена Спорт каналите ги вклучуваат: УЕФА Лига на шампиони и УЕФА Лига Европа, Италијанско национално фудбалско првенство (Серие А), Француско национално фудбалско првенство, како и Национални куп натпревари на Шпанија, Англија, Германија, Франција, Копа Либертадорес, Бразилски шампионат, Регионални фудбалски лиги на Србија, Босна и Хрватска …

Арена каналите ја нудат можноста да се следи АБА лигата во кошарка и Европската лига на шампиони во ракомет (ЕХФ), како и бројни атрактивни спортски натпревари во кошарка, ракомет, одбојка, атлетика, рагби, покет, тенис, и др.

Т-HOME обезбеди и нова апликација „ТВ Микс“, со која може да се следат четири програми на еден екран. Апликацијата е особено погодна за паралелно следење на фудбалски натпревари во живо, без менување на канали и без проверување на резултатите на интернет.

Корисниците на 3 Max/2, Max Start i Comfort, исто така, ќе можат да го гледаат и информативниот канал Ал Џезира Балкан.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето