Арда Туран не го менува Атлетико за Барселона

Од:

Ахмет Булут менаџерот на Арда Туран демантира дека неговиот клиент ќе го напушти Атлетико Мадрид и оти ќе мине во редовите на Барселона.

– Она што е објавено по медиумите е лага. Барселона не ме контактирала досега. Арда е среќен во Атлетико’, изјави менаџерот Ахмет Булут, за шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Туран кој во септември минатата година потпиша нов договор се обврза на верност кон Атлетико до 2017 година. Одлични настапи на Туран минатата сезона во која беше еден од главните играчи на Атлетико во освојувањето на шампионскиот трофеј во Шпанија, како и пласманот во финалето од Лигата на шампионите, се и главната причина поради која за турскиот репрезентативец интерес пројавија голем број на силни европски клубови.

Шпанските медиуми најавија и негов трансфер од „Винсенте Калдерон“ на „Камп Ноу„ за кој Барселона била подготвена да плати 24 милиони евра. м

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ